СТУДЕНТИ ОД ИНЖЕНЕРСТВО ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНО МЕСТО НА ПРАКТИЧНА ТЕРЕНСКА НАСТАВА

Во согласност со предметот Проценка на ризик на работното место, студентите од Факултетот за технички науки, односно насоката Инженерство за заштита на работна и животна средина, модул Безбедност и здравје при работа, предводени од предметниот наставник, професорката Моника Лутовска и асистентката Аљбина Муча, посетија објект во градење.

Посетата имаше за цел да им овозможи на студентите практично да ги увидат опасностите na различни работни места во градежништвото, за да можат да се вклучат во реална проценка на ризик на едно работно место.

Со претходно подготвени прашалници врз основа на нивното веќе стекнато теоретско знање кои беа одговорени од страна на вработените na градилиштеto, студентите ги собраа потребниte податоци за реализирање на нивните задачи и го продлабочија нивното знаење и од практичен аспект.

foto rrizik 4

foto rrizik 2

foto rrizik 1