Почитувани,

 

Во интерес на точно и навремено информирање на јавноста, Државниот Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, целосно ги отфрла како неточни, шпекулациите што денес беа пласирани во одредени медиуми, за поднесени пријави за наводни незаконски дејствија од страна на раководството на Универзитетот.

Ваквите информации имаат за цел на нечесен начин и врз основа на невистинити тврдења да нанесат штета на угледот и кредибилитетот на Државниот универзитет „Мајка Тереза“, во време кога почнуваат уписите за новата академска година. Мотивите се јасни, а тоа е да се создаде недовреба за сметка на други високо образовни, кои би извлекле користи од тоа.

Државниот универзитет „Мајка Тереза“ е основан со Закон донесен од страна на Собранието на Република Македонија, а  согласно на тоа сите негови органи се избрани согласно важечката регулатива од оваа област. На Државниот универзитет „Мајка Тереза“ работат реномирани професори експерти од областа, кои нудат квалитетно образование.

Имајќи во предвид дека работиме согласно законите, ние во надлежните институции со задоволство ќе докажеме дека овие шпекулации се целосно неосновани и злонамерни.

 

 

Служба за информирање на јавноста УМТ – Скопје

By