Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје потпиша Меморандум за разбирање со фирмата “Ука-Комерц” од Скопје, која ќе им овозможи на студентите на Факултетот за технолошки науки практична настава во лабораториите на оваа компанија.
Меморандумот го потпишаа ректорот на УMT Проф. Д-р. Азис Положани и генералниот директор на компанијата “Ука-комерц”, г. Адем Абази.
Ректор на УМT Проф. Д-р. Азис Положани ја истакна важноста на овој меморандум, со што се создаваат услови за соработка во интерес на двете страни, особено на студентите на Факултетот за технолошки науки, на кои ќе им овозможи практична обука за обезбедување на потребната научна анализа, планови за професионален напредок, како и унапредување и подобрување на наставните програми за потребите на пазарот, диригирани од приватните компании.
Генералниот директор на Ука-Комерц, Адем Абази, ја изрази својата и подготвеноста на неговата компанија, за заедничка соработка во развојот на наставните програми, ставајќи ја во функција потенцијалната и професионалната позадина на компанијата Ука-Комерц, во служба на студентите и академскиот кадар, се со цел реализација на практична и клиничка работа во просториите на оваа компанија.
Тој исто така додаде дека тие ќе го дадат својот придонес во развојот на лабораториите во рамките на универзитетот, како и понуди студентиѕе/практиканти да имаат можност да се ангажираат со компензација, како добра можност за студентите кои имаат таква потреба.
Тргнувајќи од студиските програми и релевантните полиња на УМТ, заедно ќе се работи кон договори кои ќе овозможат учество на студентите во овие програми од заеднички интерес, и за време на студиите, како и по дипломирањето, при нивното вработување.
Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје останува отворен за други форми на соработка кои ќе бидат разработени во иднина во согласност со заедничкиот интерес.
Скопје, 29.01.2019