Во просториите на Факултетот за архитектура и градежништво при Универзитет Мајка Тереза – Скопје се одржа презентација на најновите одржливи и енергетски ефикасни прозорски и фасадни системи на германската фирма REHAU, која има свое представништво во Скопје.

Во рамките на предметот Архитектонски конструкции 4 меѓудругото се обработува проблематиката на фасадните системи, како и типовите и начините на вградување на прозори и врати. На покана на проф. Доц. Др. Радмила Томовска и асистент Мр. Валмир Далипи, представникот на фирмата REHAU, г-динот Бранко Индов д.м.и. пред студентите детално ги објасни најновите типови прозори и стаклени фасадни системи, како и нивните одлични перформанси од технички, конструктивен, енергетско-ефикасен и естетски аспект.

Презентацијата на г-динот Бранко Индов д.м.и беше проследена со огромно внимание од страна на студентите и наставниот кадар, по која се разви интересна дискусија за можните начини на имплементација на овие системи.

REHAU 1 REHAU 3 REHAU 4

By