Универзитетот „Мајка Тереза“ учествуваше на конзорциумот од 16 партнери за воспоставување и спроведување на меѓународниот проект „е-ВИВА“ (Зајакнување и валидирање на компетенциите на услугите во разнородните средини на учење на универзитетите во Западен Балкан) и беше претставен на средбата со: Ректорот проф. д-р Азиз Положани, проф. д-р Дитурије Исмаили и докторандката Елизабета Бајрами Ологу.
Средбата траеше три дена и се одржа на Универзитетот „Дуизбург-Есен“ во Германија каде се говореше за досегашните активности спроведени од страна на партнерите и за обврските кон следните чекори на спроведувањето на проектот. Главниот фокус беше, како дел од проектните активности, да се воспостави студиска програма за размена на студенти и студентки од сите земји-учеснички. Универзитетот „Мајка Тереза“ се очекува да биде домаќин на околу 40 студенти и студентки од партнерските земји во текот на следната учебна година.
Проектот е финансиран од проектот „Еразмус +“ како дел од фондовите за образование на ЕУ, а неговата целосна имплементација се очекува да заврши во ноември 2021 година.