Скопје, 22 јануари 2020 година
Денес на Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кандидатот Онур Бекири успешно ја одбрани првата магистерска теза на Факултетот, од програмата за магистерски студии „Економски инженеринг и менаџмент“, која, исто така, претставува и првата одбрана на магистерска теза на Универзитетот „Мајка Тереза“.
Насловот на магистерската теза е: „Анализа на спроведените стратегии за создавање и развој на нов производ од производствените компании во Северна Македонија“.
Успешното создавање и развој на нов производ е камен-темелник на успехот на фирмата. Денес, постои огромна количина на нови производи и важно е да се истражува клучната стратегија за успех на овие производи.
Главната цел на студијата е да се истражат и, од наодите на истражувањето, да се заклучи кои стратегии ги применуваат компаниите во Северна Македонија со цел да создадат и развијат нови производи.
Членови на комисијата за одбрана беа професори и професорки на Техничкиот факултет: доцент д-р Букурије Имери Јусуфи – претседателка на комисијата; доцент д-р Неритан Туркеши и вон. проф. Агим Мамути – ментор