Скопје, 𝟏𝟗.𝟏𝟏. 2021 На академскиот кадар при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, му се приклучија и двајца доктори на науки, Мајлинда Аџиу предавач на Факултетот за информатички науки и Елисабета Бајрами Ологу на Факултетот за социјални науки и се приклучија кон докторската заедница.
МАЈЛИНДА АЏИУ предавач на Факултетот за информатички науки при УМТ, на 28.10.2021 успешно ја одбрани својата докторската дисертација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на тема „Анализа на мислења засновани врз аспект на текстови на албански јазик“ и се здоби со титулата доктор на науки по Е-технологија.
ЕЛИСАБЕТА БАЈРАМИ ОЛОГУ Предавач на Факултетот за социјални науки при УМТ, на 18 ноември 2021 успешно ја одбрани докторската дисертација на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Идеолошките преференции како модел на Социјалната политика во Македонија. Согледувања на групите од интерес.
УМТ изразува задоволство како високообразовна институција, дека академскиот кадар напредува и добива високи академски звања, како резултат на истражување и научна посветеност која ја превземаат професорите од УМТ. Подигнувањето на професионалниот кредибилитет на новиот академски кадар не е само добра вест за нас, туку и за студентите и за целото општество воопшто.