Предавања во рамките на заедничката магистерска програма помеѓу УМТ и UNISS – Управување со миграцијата

Сасари / Сардење, 𝟎𝟒.𝟏𝟐.2021 Во рамките на проектот # Еразмус +, како дел од програмата “Staff Mobility for Teaching”, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Азиз Положани, од 01.12.2021 до 05.12.2021 во размена на искуства, за академските кадри и студенти, е во работна посета на Универзитетот „Сасари“ во Сарадење, Италија.

За време на оваа посета проф. д-р. Азиз Положани беше пречекан од ректорот на Универзитетот „Сасари“, разговарајќи за развојот на студискиот процес на нашите студенти и обратно бидејќи студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ и Универзитетот од Сасари сега имаат иста студиска програма на магистерски студии, исто така целта на оваа средба е продлабочување на соработката меѓу универзитетите и во други научни области.

За време на работната посета, ректорот Положани одржа предавање пред студентите на Универзитетот „Сасари“ на теми од областа на аспектите на миграцијата во Европската Унија, Вистинската комуникација – подобрување на културните бариери за подобри здравствени услуги за мигрантите, како и кризата на миграција – примери од Северна Македонија.

УМТ има договори за соработка со Универзитетот во Сасари, кој е основан во 1558 година од Алесио Фонтана, истакнат граѓанин на градот Сасари. Денес, овој универзитет, со над 12.000 студенти и околу 700 истражувачи, се состои од 11 катедри, кои исто така соработуваат со голем број на академски и истражувачки центри и институти.

By