Истанбул, декември 2021 – Фатуш Садики, студентка на Универзитетот ,,Мајка Тереза’’ во Скопје, при Факултетот за социјални науки, насока Спорт и спортски науки, успешно заврши дел од студиите на “Istanbul Sabaatin Zaim Üniversitesi” во рамките на програмата Еразмус +.

Програмата Еразмус Плус има за цел да ги зголеми вештините, вработувањето и модернизацијата на образованието, обуката и вработување на младите, оваа одлична можност преку УМТ ја искористија значителен број на студенти.

Садики вели: „Моето патување во друга земја за да стекнам знаење преку програмата Еразмус + е дефинитивно мојата најдобрата одлука што сум ја донела во текот на моите години на студирање, се подразбира по одлуката да студирам спорт на УМТ“.

Таа исто така ги елаборира и придобивките од програмата Еразмус + и вели: „придобивките од програмата Еразмус + се големи, за мене тоа е голем и важен чекор, запознав нови пријатели кои одлично ме пречекаа со тоа ги подобрив и надополнив моите јазични вештини, моето мултикултурно искуство, размена на знаења, идеи, контакти и многубројни други образовно – научни искуства. Убедена сум и сметам дека сета оваа можност го дополни мојот академски и личен развој, го збогати моето CV, и сакам да им се заблагодарам на сите тие што ми ја пружија ова прилика“, вели студентката Фатуш Садику.

Програмата „Еразмус плус“ има за цел да ги зголеми вештините, вработувањето и модернизацијата на образованието, обука и вработувањето на младите. Во овие седум години оваа програма ќе има буџет од 14,7 билијарди евра, и зголемување за 40% во однос на сегашните нивоа на трошење, нешто што ја одразува посветеноста на ЕУ да инвестира во овие области.

За подетални информации за програмата Еразмус +, Ве молиме да се обратите во Канцеларијата 515 на Одделението за меѓународни односи при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By