Скопје, 16.12.2021 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска потпиша Меморандум за соработка со граѓанската организација „Легис“ во Скопје.
Двајцата потписници, ректорот на УМТ, проф. д-р. Азиз Положани и директорот на Легис, Јасмин Реџепи преку меморандумот се обврзаа дека ќе соработуваат меѓу себе и ќе дадат взаемна помош и поддршка со цел размена на искуства, знаења, едукација, практична настава на студентите и обука. Конкретно, заеднички интерес ќе биде соработката и интеракцијата во практичното и научното третирање на миграцискиот феномен.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и „Легис“ ќе работат заедно на промовирање на поадекватен и научно заснован пристап кон миграцијата, без разлика дали е од историска природа (емиграција – дијаспора) или како нов масовен феномен со кој се соочуваме последните годините.