Адана, Мај 2022 – Претставници од Секторот за меѓународна соработка при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Арбр Јашари – институционален координатор на Еразмус + и Илир Идризи – раководител на Центарот за кариера и претприемништво, учествуваа на Меѓународната недела на персоналот (International Staff Week –“Future of Mobility) која овојпат се реализираше под мотото „Иднината на мобилноста“ во Адана, Турција, организирана од Универзитетот „Чукурова.“
На „Меѓународната недела” учествуваа над 30 претставници на универзитети од Европа, Азија и Африка. Учесниците имаа можност да дознаат повеќе за иновациите на програмите за мобилност и најдобрите практики на универзитетите учесници. Нашите претставници го претставија Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, факултетите и студиските програми што ги нуди нашиот универзитет како и проектите во кои е вклучен универзитетот.
Презентацијата на УМТ на „Меѓународната недела“ резултираше и со иницирање меѓусебната соработка со сите универзитети-учесници на тој настан.Учеството беше дел од програмата за мобилност на персоналот Еразмус +.