Група студенти предводени од професорот Аритон Рама престојуваа во Кабинетот на претседателот Пендаровски
Студентите на УМТ од различни студиски програми беа дел од Визионерската работилница за креирање на националната стратегија за развој, проект на UNDP (Програма за развој на Обединетите нации) што се спроведува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.
На работилницата на која присуствуваа вицепремиерот г. Фатмир Битиќи и министерот за образование и наука г. Јетон Шаќири, студентите ги дадоа своите мислења за тоа како ја замислуваат иднината на државата. Дел од визионерската работилницата беа над 70 млади луѓе на возраст од 14 до 29 години, додека стратегијата се однесува на периодот од 2022 до 2042 година.
Од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваа студентите Џихад Шабани, Арбнор Малиќи, Анеса Исмаили, Флоријана Муртези, Фитим Маровци, Беса Шабани, Куштрим Укшини, предводени од ас. М-р. Аритон Рама.