Скопје, јуни 2022 – Студенти и членови на персоналот на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, од 1 до 3 јуни, учествуваа на сертифицираната програмска обука (CTP) потребна за поставување на основата на WYA (World Youth Alliance) во Северна Македонија.

Обуките кои се одржаа во просториите на УМТ се реализираа од страна на регионалната оперативна директорка Ина Делиќ и директорката на канцеларијата за Југоисточна Европа Ермелинда Ѓечи. Сертифицираната обука на програмата им овозможува на студентите да бидат дел од Светската Младинска Алијанса, од каде ќе имаат можности за практикантска работа во регионални или централни канцеларии низ светот, можности за вработување, можности за размена на студенти и можности за приклучување на проекти.

За да ја поздрави оваа иницијатива присуствуваше и проректорот за образование и студентски прашања, вон. проф. д-р. Фати Исени, кој меѓу другото истакна колку е важно за нашиот универзитет да има активни студенти во невладиниот сектор и рече дека ова е иницијатива ќе има безусловна поддршка од УМТ.

Светската Младинска Алијанса е меѓународна невладина организација основана во Обединетите Нации во 1999 година, која работи главно со млади луѓе на возраст од 14-29 години и има три главни цели: одбрана на права, образование и култура.

By