Скопје, 16.06.2022 г. – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, д-р Изет Зеќири, учествуваше на Изложбата на делата на големиот сликар Омер Калеши организирана во соработка со Националната галерија на Северна Македонија.
Иницијативата, која се реализира заедно со семејството на маестро Омер Калеши, има за цел да ја одбележи неговата животна дејност, односно уметничките дела кои го издигнаа на врвот на уметничката светска елита.
Ректорот Зеќири пред присутните изјави: „Омер Калеши е еден од ретките албански уметници кој се прослави во многу земји во светот со своите уникатни слики и е одликуван од француската елита од областа на визуелните уметности, како и од многу други центри. Бројни институции во Северна Македонија, Албанија и Косово го одликуваа Калеши и неговото дело. Омер Калеши беше и останува славно име во албанските академски кругови, уметност и култура, а неговото име секогаш ќе се чествува и нема да се заборави“.
Сите љубител(к)и на визуелните уметности, на омажната изложба во Националната галерија Чифте амам, може да погледнат 30 негови изложени слики масло на платно, дел од галеријата „Омер Калеши“, подарок за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.