Скопје, 20.06.2022 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. др. Изет Зеќири денеска имаше работна средба со делегацијата на Исламската Верска Заедница во Република Северна Македонија, предводена од поглаварот реис ул улема Шаќир Еф. Фетаху.
За време на пријателската средба, поглаварот на ИВЗ реис ул улема Шаќир еф. Фетаху му честиташе на ректорот проф. др. Изет Зеќири за новата должност и му посака здравје и многу успеси во понатамошната работа на УМТ, и додаде дека универзитетот има посебно значење за ИВЗ.
Ректорот Зеќири за време на средбата му се заблагодари на поглаварот на ИВЗ за посетата, нудејќи му соработка во сите области во кои е вклучен УМТ, а истата заложба ја доби и од Фетаху.
Двајцата соговорници се согласија да воспостават редовна комуникација, а разговарале и за можностите учениците кои ќе завршат средно образование на Медресето „Иса Беу“ во Скопје, да можат да ги продолжат студиите во УМТ, што во моментов се уште е невозможно поради законски пречки, кои се очекува да бидат решени за кратко со гласање во Собранието.
Фетаху го информираше ректорот Зеќири дека за разлика од Факултетот за Исламски Науки кој е акредитиран, Медресето нема акредитација и е во „статус кво“ иако ги исполнува критериумите според законот, каде 65 проценти од предметите се бара да бидат научни а 35 проценти од религиозен карактер.
Дел од делегацијата на ИВЗ беа и деканот на ФИН, Шабан еф. Сулејмани, директор на Медресето „Иса Беу“ Ибрахим еф. Идризи и директорот на Верско-Образовниот сектор проф. Јусуф еф. Зимери.