Скопје, 21.06.2022 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. др. Изет Зеќири придружен од деканот на Факултетот за Градежништво и Архитектура проф.д-р. Зеќирија Идризи денеска имаше работна средба со директорот на Државниот Просветен Инспекторат г-дин Ардијан Муслиу, со кого разговараше за прашања од областа на работата на двете институции.

Ректорот Зеќири на средбата рече дека УМТ строго го спроведува Законот за Високо образование и вложува во зголемување на квалитетот на наставата и постигнување на исполнување на образовните стандарди.

Директорот на Државниот Просветен Инспекторат г-дин Ардијан Муслиу, му честиташе на ректорот за новата должност и го информираше за активностите што ги врши Инспекторатот, како што се надзор над спроведувањето на законите, прописите и општите акти со кои се регулираат студентските домови.

Во високообразовните установи и во научните установи, Државниот Просветен Инспекторат врши надзор над спроведувањето на законите со кои се уредува дејноста на високото образование, за прашањата утврдени со Законот за просветната инспекција.

By