Скопје 23.06.2022 – Денеска, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, акад. Изет Зеќири оствари работна средба со вицепремиерот г-дин Артан Груби. На оваа средба учествуваше и министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири. Артан Груби изјави дека владата ќе го поддржи УМТ за преселба во новиот кампус и објектите понудени од Владата.
Главна тема на средбата беше реновирањето на новиот универзитетски кампус во воената касарна „Илинден“ чии капацитети, како што изјави вицепремиерот Груби, наскоро, по завршувањето на сите административни процедури, ќе бидат реконструирани и прилагодени на современиот стандард на наставниот кадар и студент(к)ите.
Груби на средбата изјави дека УМТ секогаш ќе ја има поддршката од Владата во остварувањето на аспирациите за квалитет на инфраструктурата и стидиските програмски.