Охрид, јуни 2022 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири учествуваше на седмата сесија на Охридската школата на „Природното право“ со тема: „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“, на која присуствуваа амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Бирнс, министерот за правда Никола Тупанчески, членови на Академијата на науките и уметностите, студенти и претставници на НВО.
Ректорот Зеќири пред присутните истакна дека демографскиот потенцијал на Северна Македонија како фактор на економскиот развој на земјата е еден од најважните фактори за социо-економскиот развој. Исто така рече дека населението има големо значење за обемот, структурата и развојот не само на производството, туку и на општата социо-економска дејност на една земја, бидејќи дел од населението е на функција на производството, додека вкупното население е на потрошувачка функција.
Ректорот Зеќири рече дека актуелните негативни демографски тенденции со кои се соочува државата негативно се манифестираат во природниот прираст на населението, намалувањето на бројот на живородени деца, интензивирањето на процесот на демографско стареење, се причини кои влијаат на зголемување на бројот на стари лица во вкупниото население , како и на растот на емиграцијата.