Скопје, 12.9.2022 година – Македонскиот електропреносен систем оператор А.Д. –МЕПСО обезбеди 6 стипендии за заслуга на студент(к)ите на УМТ.
По тој повод, ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, на работната средба одржана денеска изрази благодарност до првиот човек на МЕПСО, г-дин Орхан Муртезани.
Соработката на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и МЕПСО се реализира согласно меморандумот од 2019 година, со кој, меѓу другото, се стипендираат студент(к)и запишани на студиските програми во интерес на активностите на МЕПСО.