Скопје, 10.9.2022 – Денес, ректорот проф. д-р Изет Зеќири потпиша договор со градоначалникот на општина Чаир, г. Висар Ганиу со цел финансиска поддршка на 20 студент(к)и кои ќе се запишат на студиските програми Мехатроника, Индустриски менаџмент и Електроенергетика и обновливи извори на енергија.
Ректорот на УМТ му се заблагодари на градоначалникот на општина Чаир, г. Ганиу, како и на самата општина за постојаната поддршка на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од самото негово формирање. Градоначалникот Ганиу изјави дека ваквиот чин претставува важен чекор за академското унапредување на нашето општество, како и за зајакнување на пазарот на труд во наведените дефицитарни области.
Право на овие стипендии имаат и студент(к)ите кои ќе се запишат во вториот уписен рок кој започнува од 12. септември и ќе трае до 15. септември. Минатата недела, пак, ректорот Зеќири ги стипендираше сите студент(к)и запишани на Факултетот за информатички науки.