РЕКТОРОТ ЗЕЌИРИ ГИ МОДЕРАТИРАШЕ ПРОМОЦИИТЕ НА КНИГИТЕ „ВО ПРЕСРЕТ НА КРИЗИТЕ“, „ЕКОНОМСКА КРИЗА“ И „КОН НОВА КРИЗА“ ОД АКАДЕМЦИТЕ АНАСТАС АНЃЕЉИ И АДРИЈАН ЦИВИЦ
За време на работната посета на Албанскатa академија на науките на УМТ беа промовирани три книги од албански академици
Скопје, 22.09.2022 – Во рамките на официјалната посета на делегацијата на Албанскатa академија на науките на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беа промовирани и три книги на албанските академици Анастас Анѓељи и Адријан Цивиц.
За време на промоцијата, ректорот Зеќири ги пофали книгите „Во пресрет на кризите“, „Економска криза“ и „Кон нова криза“ од академик проф. д-р Анастас Анѓељи и проф. д-р Адријан Цивиц, додавајќи дека двајцата автори прецизно ги предвидоа зголемувањата на цените на храната, бензинот и енергијата во 2020 година, веднаш по пандемијата на Ковид-19.
„Почитуваните професори чекор по чекор ја следеа и анализираа кризата, а нивните истражувања резултираа во три значајни книги за кризите и справувањето со нив. Човечките и институционалните предизвици мора да се надминат со цел да се менаџираат кризите и успешно да се излезе од нив за успешно да се продолжи на патот кон развојот. Пандемијата, меѓу другото, како глобална криза, ја прави оваа публикација уште повредна бидејќи ја доживеавме истата ситуација како и сите други земји“, изјави ректорот Зеќири во улога на модератор на промоцијата.
Првиот потпретседател на Владата, г-дин Артан Груби, ги пофали авторите за одличната работа за издавањето на книгите, кои ги оцени како вредно резиме на професионалните препораки кон целта за економското закрепнување на нашите земји.
Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, изјави дека книгите се уникатни и специфични затоа што се посветени на проблем што ги загрижува не само економиите на Албанија, Северна Македонија, земјите од Западниот Балкан, туку и глобалните економии како целина.
Од општина Чаир, раководителката за образование, г-ѓа Љуљјета Ќерими, одржа говор во кој истакна дека општината е горда што на нејзината локација се промовирани вакви трудови од значителна научна вредност.
На промоцијата учествуваа амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Н.Е. г-дин Фатос Река, претседателот на Албанскатa академија на науките, академик Скендер Ѓинуши и градоначалникот на општина Струга, г-дин Рамиз Мерко.
Авторите на книгите „Во пресрет на кризите“, „Економска криза“ и „Кон нова криза“, академик проф. д-р Анастас Анѓели и проф. д-р Адријан Цивиц, му се заблагодарија на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири, за официјалната покана, како и на институциите од централно и локално ниво за институционалната поддршка.