Со свечена церемонија УМТ ја започна академската 2022/2023 година

03.10.2022 – По две години онлајн настава, денеска Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје со свечена церемонија пречека 700 нови студент(к)и кои ќе им се приклучат на досегашните 3000 студент(к)и, на 5-те факултети на УМТ.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, ги пречека новите студент(к)и во двата објекта и им посака добредојде и успех во наредните четиригодишни студии со зборовите:

„Денес вие започнувате ново поглавје во животот, а ние ќе ви бидеме секогаш на услуга. Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје е единствениот државен универзитет на албански јазик во главниот град, со студиски програми кои се дефицитарни на пазарот на трудот, што ви овозможува да се вработите набрзо по дипломирањето, а вие, вашето време треба да го организирате што е можно подобро, да стекнете што повеќе знаење и пракса во областа на која сте избрале да студирате.

Нашиот персонал е многу посветен на работата и ги поддржува студент(к)ите во секоја фаза од студиите. Обезбедуваме инспиративна, мирна, стимулирачка и интелектуално предизвикувачка средина за нашите студент(к)и. Се трудиме да ги исполниме сите потреби на студент(к)ите и преку соработка и заедничка посветеност да го извадиме најдоброто од секој од нив“.

Ректорот Зеќири ја истакна важноста на студент(к)ите за развојот на општеството во иднина, кое ќе биде дел од големото европско семејство, а студент(к)ите ќе бидат во голема конкуренција со земјите од ЕУ.

На почетокот на новата академска година на студент(к)ите им беа претставени професор(к)ите, а на свеченоста беа поделени и првите индекси.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје функционира во два објекта, со над 3500 студент(к)и. Во рамките на универзитетот има 5 факултети: Факултетот за информатички науки, Факултетот за технички науки, Факултетот за градежништво и архитектура, Факултетот за технолошки науки и Факултетот за социјални науки.

Од следната академска година на УМТ ќе има уште три нови факултети, Факултет за хуманистички науки, Економски факултет и Правен факултет, а и универзитетот ќе се пресели во своите нови објекти во поранешната касарна „Илинден“ во Скопје.

By