Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во присуство на ректорот проф. д-р Изет Зеќири, деканите, професорите и љубителите на книги, ја организираше промоцијата на книгата на проф. д-р Сунај Раими, со наслов „Порака во шише“.
Ректорот Зеќири пред присутните истакна дека книгата „Порака во шише“ ги надминува границите на насловот, додека неконвенционалните размислувања и идеи во неа се претставени во различни жанрови, како поезија, раскази и проза, a самиот автор има направено колосална работа со објавениот опус од 17 дела.
Рецензентот на книгата Авни Авдиу изјави дека книгата се одликува по насловот и содржината, користејќи ја метафората на порака во шише, која ја симболозира длабочината на океанот и сведочи за димензиите на љубовта и видливоста на шишето, која, пак, од своја страна, симболозира транспарентност.
Рецензентот Севдаил Демири рече дека обично во длабочините на океаните се пуштале пораки во шишиња за да се складираат тајните информации за некоја љубов или да се пренесат до саканата личност која чекала од другата страна на океанот.
Модераторот на промоција, проф. д-р Енвер Абдулаи, ја процени книгата како посебна, како книга која претставува резиме на 30-годишното неуморно творештво на авторот. В.д. деканот на Факултетот за социјални науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими, рече дека е горд што најголем дел од книгите објавени на УМТ потекнуваат токму од овој факултет и што месец ноември, месец во кој се слават двете најголеми празници на Албанците, ќе биде одбележан со промоции на книги.
Проф. д-р Сунај Раими се обрати со изјавата дека во текот на својата кариера како професор и уметник се соочил со феномен да не ја прифаќа мултидимензионалноста на дејствувањето, додека како поливалентна личност, професор со над 30 години искуство, пејач со испеани 34 композиции и поет со 17 објавени дела, оваа своја поливалентност ја прифаќа како дар од Бога.
Авторот Сунај Раими во оваа книга ни дава иновација на жанрот, внимателно избирајќи одреден број песни кои се ценети насекаде со филозофско-социолошките пристапи, и контемплации во однос на општественото живеење, како и анегдоти напишани во прагматистички дух, но и неколку многу интересни раскази.
Книгата „Порака во шише“ од проф. д-р Сунај Раимит е 17. објавена книга во неговата 30-годишна кариера.