Со скромна свеченост Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги пречека новите студенти од вториот циклус на студии, примени во учебната 2022/2023 година.  

За време на првата презентација, со која се назначи и официјалниот почеток на #мастер студии, проректорите проф. д-р Фати Исени, проф. д-р Ризван Сулејмани и проф. д-р Беким Фетаи ги информираа кандидатите за правилата и начинот на студирање, како и за соработката која ќе следи во овој период.  

На крајот на средбата на студентите од втор циклус им беа доделени индексите за мастер студиите.  

УМТ има 21 мастер програма на нашите пет факултети, како и заедничка студиска програма на Универзитетот во Сасари во Италија. 

By