Тирана 14-15.11.2022 година Делегација на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје составена од проректорот за образование и студентски прашања, проф. д-р. Фати Исени, проректорот за наука, проф. д-р. Беким Фетаји, проректорот за финансии и инвестиции, д-р. Бујамин Беља, продеканот на Факултетот за информатички науки асс. проф. Стојан Китанов и претставникот на Агенцијата Еразмус+ Арменд Љута беа дел на научната конференција на тема: „Денови на албанологија” организирана во изминатите два дена од Академијата за албанолошки студии во Тирана.
Делегација на УМТ, беше пречекана на официјална посета од страна на ректорот на Академијата за албанолошки студии, проф д-р. Љуан Пержима и директорот на Институтот за историја, проф. д-р. Африм Красниќи.
Тема на дискусијата беше соработката меѓу двете институции на полето на издавањето и дистрибуција на научни и особено албански книги, како и размената на академски кадар и студенти.