Делегација на УМТ учествуваше на Состанок на универзитетите кои учествуваат во програмата Еразмус + врз основа на Меѓуинституционалниот договор со ЕРАЗМУС+.
Целта на средбата беше да се разговара за проектот Еразмус+ на тема „Интеграција на дигитални содржини и дигитализација на средните училишта“, заеднички проект на кој заеднички работат различни земји-членки.
Проектот се занимава со интеграција на информациско-комуникациските технологии во наставата со употреба на технологијата e-learning и создавање дигитални содржини за образованието во форма на онлајн ресурси – Отворени образовни ресурси, додека целта на проектот е да се зголеми капацитетот на персоналот во средните училишта за спроведување на процесите на дигитализација.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го претставуваше проректорот за наука проф. д-р. Беким Фетаји, проректор за образование и студентски прашања, проф. д-р. Фати Исени, проректор за финансии и инвестиции доц. д-р. Бујамин Бела, и продеканот на Факултетот за инфоматички науки, проф. Стојан Китанов.