Скопје 21.11.2022 година- Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје во соработка со Колеџот ААб од Приштина организираше натпревари во мал фудбал и одбојка, каде учествуваа студентските екипи од Факултетот за физичка култура и спорт при Колеџот ААБ и од студиската програма Спорт и спортски науки при УМТ.

На братска атмосфера и под звуците на националната химна, студентите имаа можност да се запознаат, да се дружат и на крај да се натпреваруваат на пријателскиот напревар меѓу себе.

Проф. д-р. Бљерим Саити им посака добредојде на проректорот на Колеџот ААБ, проф. д-р. Шемседин Вехапи и на деканот, проф. д-р. Фатмир Пирева, на проректорот на УМТ, проф.д-р. Ризван Суљејмани и на и професорот на УМТ кој во исто време е и граданачалник на Општина Чаир, проф.д-р. Висар Ганиу.

Во своето излагање, проф. д-р. Ризван Суљејмани им честита на студентите за натпреварот и дружбата и на Колеџот ААБ за конкретната реализација на соработката потпишана пред две години.

Проректорот на Колеџот ААБ, проф.д-р. Шемседин Вехапи изрази благодарност за братскиот пречек и му честита на УМТ за почетокот на работите на новиот студентски кампус. Вехапи рече дека Колеџот ААБ е вистински партнер на УМТ и ќе има поддршка секогаш кога ќе има потреба.

Граданачалникот на Општина Чаир, проф. д-р. Висар Ганиу, рече дека како член на студиската програма Спорт и спортски науки при УМТ, високо ја цени поддршката што УМТ ја доби од Колеџот ААБ за време на воспоставувањето на оваа студиска програма, како со следење на искуството, така и со обезбедување на наставен кадар.

За време на настанот, на Колеџот ААБ и на Општина Чаир им беа доделени благодарници од страна на УМТ за континуираната поддршка, а истовремено му се заблагодарија и на Гимназијата „Зеф Луш Марку“ за користење на нивната спортска сала. На студентските екипи на мал фудбал и одбојка од двата универзитети им беа врачени пехари.

By