Скопје 28.11.2022 година Во чест на 28 ноември, Денот на албанското знаме, Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје започна со реконструкција на објектот во поранешната касарна „Илинден”.
На овој среќен чин, присутни беа членови на Собранието на Република Северна Македонија, пратеници, градоначалници, членови на верска и бизнис заедница, вработени и студенти на УМТ.
Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири на поздравниот говор рече дека оваа скромна церемонија на започнување на работите за реконструкција на нашиот универзитет е мал чекор од еден голем проект што следува.
„Иако на прв поглед, како што можете да видите, изгледот на просторот каде што се наоѓаме не остава многу да се посакува, ситуацијата е таква каква што е, запуштени простори, руинирани објекти, но верувајте ни, за нас како дел од УМТ е најубавото место на кое би сакале да бидеме. Ова е нашиот дом и чувството што ни го нуди овој ден е неописливо“, рече ректорот Зеќири.
Ректорот Зеќири изрази благодарност до сите соработници на УМТ, на секој министер, заменик министер, пратеник, градоначалник, а со почит и благодарност го спомена поранешниот министер за образование и наука, покојниот Абдилаќим Адеми.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири рече дека образовните институциии се создаваат, но нивниот живот го одржуваат вработените и студентите.
Универзитетот „Мајка Тереза“ докажа дека станува важен со своите студиски програми, со петте факултети, над 40 студиски програми, многу договори за соработка, сега многу студенти на УМТ се дел од студиските програмите на странските универзитети врз основа на овие програми и договори“, рече министерот Шаќири.
Присутен на настанот беше и претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети. Тој пред присутните накратко порача дека го напушта УМТ од овој момент, а од денеска па натаму, УМТ има должност да работи на нејзино консолидирање. Јас тука ве оставам, универзитетот нека продолжи“, рече Ахмети.
По свеченоста, ректорот Зеќири и специјалните гости ги посетија објектите што ќе се реновираат и просторот од 50.000 метри квадратни, што сега е сопственост на УМТ. Пред две недели, УМТ започна со уривањето на три нефункционални објекти што ги поседува, додека следната година започнува со изградба на новиот универзитетски кампус, што ќе рефлектира на модерен комплекс за студирање.