Скопје, 01.12.2022 – Студентското собрание на Факултетот за технички науки, заедно со Универзитетското студентско собрание, организираа панел-дискусија на тема: „Конкурентноста на работната сила во Северна Македонија и европскиот пазар“.
На панел-дискусијата почесен гостин беше Вицепремиерот за економски прашања и координација со економски ресори и инвестиции д-р Фатмир Битиќи, кој заедно со домаќинот, Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, и професорот по економија, проф. д-р Рилинд Адеми, одговараа на прашањата на студент(к)ите.
Ректорот на УMТ, проф. д-р Изет Зеќири, истакна дека Северна Македонија има претпрено голема загуба од миграцијата, бидејќи емигрантите не учествуваат во придонесот во бруто-домашното производство, туку работат на зголемување на БДП-то на земјите каде се иселиле. Врз основа на една анализа кај нас, цената на загубите на БДП е 15.849 евра, а доколку емигрантите би придонеле за својата земја, бруто-производството на земјата од 10.635 милиони евра би бил многу поголем, додека БДП-то по глава на жител не би бил 5.132 евра, туку многу повисок.
Ректорот Зеќири додаде дека Владата мора да преземе итни мерки да ја спречи миграцијата кај младите, за тоа потребна е стабилност и легитимитет во институциите, висок кредибилитет на граѓаните, зголемени инвестиции, зголемени приходи и економија и, како резултат на тоа, зголемување на вработеноста.
Вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори и инвестиции, д-р Фатмир Битиќи, пред студент(к)ите изјави дека од првиот ден на стапување на функција работи кон систематско решавање на проблемите, за во иднина граѓан(к)ите да ги имаат своите права на вработување, отворање сопствен бизнис и саморазвој согласно законите, а согласно дневните политики и кампањи на политичките партии. Врз основа на овие политики, Битиќи најави зголемување на минималната и просечната плата во текот на следната година.
Професорот по економија, доц. д-р Рилинд Адеми, изјави дека во економски поинтегриран свет конкурентноста на работната сила е предуслов за економскиот развој: „Продуктивноста на работната сила е индикаторот што ни овозможува да се споредуваме со државите, но и меѓу себе. Работната сила во РСМ има продуктивност од 45% во однос на просечната продуктивност на работната сила во земјите на ЕУ. Нашата емпириска анализа покажува дека земјите со ниска продуктивност имаат и ниски плати. Ако се види динамиката на продуктивноста и растот на платите во РСМ, може да се заклучи дека платата е зголемена за 100%, додека продуктивноста за 25–30%“.
Панел дискусијата ја водеше претседателот на студентското собрание на Факултетот за технички науки, Рувејд Идризи.
На крајот се отвори сесија прашања и одговори, при што беше заклучено дека меѓу главните фактори на продуктивноста се квалификациската способност на работната сила, менаџерската способност, флексибилноста на пазарот на трудот, нивото на капитални инвестиции и технолошкиот развој.