Скопје, 22.12.2022 год. – Министерот за финансии на Република Северна Македонија, г. Фатмир Бесими, денеска беше гостин на УМТ по покана на ректорот проф. д-р Изет Зеќири. Министерот одржа предавање за студент(к)ите по економија на тема „Буџетот – предизвик за економски раст во време на криза“.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, во својот поздравен говор истакна дека постапката за правење и одобрување буџет е многу важна за студент(к)ите по економија, особено правењето буџет во време кога светот се соочува со постпандемиска криза, енергетска криза и криза на цените како последица на руската инвазија над Украина.

Министерот Бесими потенцираше дека Буџетот е најважниот документ на една држава, кој го одобруваат граѓан(к)ите преку своите избраници и избранички во Собранието.

Тој го елаборираше процесот на правење на буџетот, кој според него започнува со испраќање проекти од страна на министерствата што ја сочинуваат Владата, циклус кој започнува една година порано, а понатаму Владата ги избира приоритетните проекти.

„Кога Министерството за финансии ги прифаќа приоритетните проекти на Владата, креира предлог-буџети, во кои се вклучени и прелиминарни долгови и проекти кои доаѓаат од фондовите на ЕУ кои ги добиваме како земја кандидат. Иако буџетот е календарски и има едногодишен мандат, планиран е за 5-годишен развоен период“, обзнани Бесими. Потоа додаде дека предлог-буџетот подоцна се става на широка јавна, политичка и граѓанска расправа. За следната година се предвидени средства за справување со пандемската криза, енергетската криза и растот на цените, како и економскиот раст од 2,9%, инфлацијата од 7,1% и буџетскиот дефицит од 4,6%.

По предавањето, Министерот беше на располагање за интерактивна дискусија со студент(к)ите и професор(к)ите по економски науки.

By