Во рамките на формирањето на трите нови факултети на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје
Скопје, 31.01.2023 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес успешно заврши со составувањето на елаборатите за акредитација на студиските програми за трите нови факултети на УМТ.
Економскиот факултет ќе ги содржи следните студиски програми:
– Финансии и сметководство
– Маркетинг и менаџмент
– Царина, шпедиција и осигурување
Правниот факултет ќе ги содржи следните студиски програми:
– Правни студии
– Криминалистика
Факултетот за хуманистички науки ќе ги содржи следните студиски програми:
– Англиски јазик и литература
– Германски јазик и литература
– Превод од албански – македонски и англиски,
– Превод од албански – македонски и германски и обратно
Исто така, на Факултетот за социјални науки ќе има уште една студиска програма: Психологија, додека Факултетот за информатички науки ќе биде дополнет со студиската програма: Применето програмирање.