Тетово, 09.02.2023 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска потпиша договор за соработка со Тетовоскиот Универзитет, кој ќе послужи како основа за унапредување на соработката, меѓусебното разбирање и развојот во областа на образованието и научното истражување.
Двајцата потписници, ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири и ректорот на УТ проф. д-р. Куштрим Ахмети си ветија дека двата универзитети ќе соработуваат во заеднички истражувачки проекти и пилот проекти, размена на научен и наставен кадар, размена на студенти, организирање на семинари, конференции и заеднички работилници.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот во Тетово ќе разменуваат научни публикации и други материјали за истражувачки и едукативни цели, ќе вршат краткорочни посети на високи членови од персоналот за консултации, предавања и планирање проекти, како и долгорочни посети со персоналот за истражувања и технички обуки, постдипломски студии или учество во заеднички истражувачки проекти.
Двете високообразовни институции ќе вршат размена на студенти од додипломски и постдипломски студии за практична обука и учество во меѓународни програми, ќе промовираат контакти со истакнати научници од други академски центри во соодветните земји и ќе обезбедат взаемна поддршка во планирањето и реализацијата на посетите во соодветните земји.
Двата универзитети ќе дадат финансиска поддршка според можностите што ги има на располагање секоја страна и ќе се обидат да обезбедат средства од други национални или меѓународни извори. Договорот ќе биде дополнет со подетални работни планови, поддоговори, кои ќе бидат изготвени според потребата на тековните или планираните проекти. Договорот ќе трае за период од пет години.
Од своето основање, УМТ има потпишано над 60 меморандуми за соработка со високообразовни институции од земјата, регионот и светот.