Загреб, 14.03.2023 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје потпиша меморандум за разбирање со Високата школа за информациски технологии во Загреб, Хрватска (Visoka škola za izvodnej tehnologije).
Потписниците на меморандумот, ректорот на УМТ проф.д-р Изет Зеќири и деканот на VSIT (Visoka škola za informacijske tehnologije) проф.д-р Едмонд Круша ветија дека двете високообразовни институции ќе соработуваат во области од заеднички интерес, како и на теми ориентирани кон образованието и научно-истражувачката работа, а ќе имаат и контакт и соработка меѓу академскиот кадар, катедрите на факултетот, истражувачките институции и студентите.
Целта на овој меморандум е развој на академска и образовна соработка, воспоставување програми за соработка во различни области меѓу двата високообразовни институции и соработка во области од заеднички интерес за различни високообразовни активности.
УМТ и VSIT ќе соработуваат во посебни области на соработка меѓу двете високообразовни институции, како што се размена на академски кадар, размена на студенти, ќе развиваат заеднички образовни и истражувачки активности преку меѓународни проекти, симпозиуми, конференции, заеднички програми на академски доипломски, магистерски и докторски студии, признавање на дипломите издадени од страните потписнички, размена на објавени академски материјали и пристап до бази на податоци на дигитални библиотеки, заедничка организација на краткорочни образовни програми, летни/зимски школи, специјални сертифицирани програми, UNT и VSIT ќе учествуваат и на спортски и културни настани.
Меморандумот за разбирање со Универзитетот за современи информациски технологии во Загреб, Хрватска беше реализиран за време на работната посета на која ректорот, проф. д-р. Изет Зеќири заедно со проректорот за наука проф.д-р. Беким Фетаји го постигнаа во Загреб, во рамките на Програмата IDADOHS и проектот Еразмус+.