Скопје 15.03.2023 – Студиската програма Медиуми и интеркултурна комуникација при Факултетот за социјални науки денеска го одбележа меѓународниот ден на јавното говорење со студентски натпревар предводен од вон. проф. д-р Агрон Куртиши.
На натпреварот на кој учествуваа студнет(к)ите од различни студентски програми беа вреднувани повеќе категории како што се покажување интерес за време на презентацијата, доверба во она што се презентира, добра подготовка, техники на презентација, јачина на гласот, јасен израз, контакт со очите, фацијална експресивност, изразување, гестови, флуентност, изговор, брзина, ритам, паузи и интонација.
Комисијата за евалуација предводена од проф. д-р Мустафа Ибрахими и членовите проф. д-р Агрон Куртиши и м-р Агрон Врангала анализираа колку студнет(к)ите го користат јазикот, употребуваат целосни реченици, прават јазични грешки при презентирањето, употребуваат зборови од туѓо потекло и дијалектизми, потоа се правеше проценка на интересните факти, главните делови, деталите и појаснувањата, крајот и заклучоците.
По евалуација на кандидат(к)ите, комисијата првото место го додели на студентката од четврта година на студиската програма Медиуми и интеркултурна комуникација, Јаха Абази, а второ на студентката од трета година на студиската програма Јавна администрација и менаџмент на човечки ресурси, Едибе Асани.
На прво и второпласираните им беа доделени признанија и плакети со ликот на Мајка Тереза. На натпреварот беа присутни и поздравени проректорите Ризван Сулејмани и Бујамин Бела.