Скопје, 27.03.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири беше домаќин на директорот и заменик директорот на средното техничко училиште „Гостивар“, Бесир Салиу и Екрем Мифтари.
Ректорот Зеќири ги информираше директорот на ОТСУ „Гостивар“, г. Бесир Алили за напредокот на УМТ, особено за развојот на техничките курсеви, и дека денешниот пазар на труд има голема потреба од нивно активирање во соодветните институции.
Директорот Салиу нагласи дека големиот недостиг на кадри особено се чувствува во овие технички области како што се инженерите за електротехника, електроника и електрокомуникации, роботика и автоматика , мехатроника, како и машинскиот дел, машински техничар и техничар за моторни возила
Ректорот на УМТ и директорот на ОТСУ „Гостивар“, г. Бесир Салиу постигна заклучок за потпишување договор за соработка меѓу двете институции во блиска иднина со цел да се регрутираат потенцијалните студенти за нивно профилирање во областите на студирање.