Тетово, 11 април 2023 – Студентите од четвртата година на Катедрата за труд и социјална политика, заедно со професорката Нита Б. Лума, по повод месецот на подигнување на свеста за лицата со аутизам, го посетија Центарот за аутизам „летај за животот“ во Тетово.
Посетата беше реализирана во три групи, кои во ротација развија три активности одделно во посебни простори.
Во една сала студентите гледаа кратко видео- филм кој се однесуваше на подигнување на свеста за аутизмот од страна на истакнати личности, како и активности и конференции развиени од центар за аутизам; во другата сала, студентите низ двонасочна просторија со огледала гледаа како се спроведува терапија во живо; додека во третата сала студентите се запознаа со децата од центарот кои заедно со помош на студентите оставија отпечатоци во боја од рацете на ткаенината која ни ја подари центарот за да ја одбележиме оваа активност.
На крајот, целата група на студенти се приклучи на сала за групна терапија за да им подари подароци на децата кои самите ги подготвија со многу ентузијазам.