Скопје, 𝟎𝟐.𝟎𝟓.𝟐𝟎𝟐𝟑 – Во присуство на студентите од Факултетот за технички науки, деканот вон. проф. д-р. Неритан Туркеши, проректор за финансии и стратешки инвестиции доц. д-р. Бујамин Бела и професорката Букурие Имери Јусуфи, Орхан Адеми заменик главниот државен ревизор одржа предавање во врска со процесот за ревизија.

Заменик главениот државен ревизор Орхан Адеми ги информираше студентите по економија зошто е формиран ДЗР- и кои се неговите должности.

Адеми рече дека Државниот завод за ревизија е основан со посебен закон во 1997 година, и има задача да изврши ревизија на 1.540 државни претпријатија, и тоа сите претпријатија кои управуваат со годишен буџет со над 50 милиони денари мора да имаат единица за внатрешна ревизија.

Ревизија на една институција, рече Адеми, започнува со средба на првиот човек на институцијата и екипата за ревизија. Институцијата е должна да обезбеди работни простори за ревизорите како и интернет, додека ревизијата во зависност од нејзината големина се врши во соработка со внатрешниот ревизор и воообично трае од два до три месеци, додека ревизијата и перформансите на една државна институција од 6 месеци до 1 година, изјави заменик главниот државен ревизор Орхан Адеми.

Во текот на 2021 година, Државниот завод за ревизија има извршено вкупно 68 ревизии, од кои се добиени 1170 наоди, а дадени се 654 препораки.

Адеми напомена дека Државниот завод за ревизија е членка на Меѓународната Организација на Врховни Ревизорски Институции – INTOSAI, која е и втора по големина организација во светот, по Обединетите нации.

Предавањето заврши со прашања на студентите, на кои одговараше Заменик главениот државен ревизор Орхан Адеми, на кого од страна на Факултетот за технички науки, вон. проф. д-р. Неритан Туркеши во име на ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири му беше врачена благодарница во знак на благодарност за одржување на предавањето.

By