Скопје, Мај 2023г. – Промотивниот тим на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги презентираше студиските програми на УМТ пред матурантите на средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“,и ги информираа за академската платформа што ја нуди нашиот универзитет.
Тимот на УМТ, Доц. Д-р Уриме Демири Шаипи, м-р.Нора Лимани Бекташи, м-р. Аријан Ганији, Доц. м-р. Емира Имери ги информираа матурантите за студиската платформа што УМТ ја нуди годинава на своите осум факултети со вкупно 39 студиски програми.
Од оваа академска година Факултетот за градежништво и архитектура, Факултетот за технички науки, Факултетот за технолошки науки, Факултетот за социјални науки како и новите економски факултет, правен факултет и Факултетот за хуманистички науки ќе ги продолжат своите студии во новите простори од 50. илјада квадратни метри во касарната Илинден каде што се работи со зголемен интензитет за реконструкција и пренамена на објектите за потребите на универзитетот.
Одговорната Уриме Демири Шаипи рече дека УМТ работи во согласност со највисоките меѓународни стандарди, носејќи квалитет и студенти подготвени да се соочат со пазарната економија и социјалната глобализација.
УНТ им се заблагодарува на вработените во гимназијата и класните на паралелките за достоинствената организација за промоцијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.