Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р Изет Зеќири, денеска на 09.05.2023 година, именуваше тројца в.д. декани на трите нови факултети.
Проф. д-р Мустафа Ибрахими е избран за в.д. декан на Факултетот за хуманистички науки, вонр.проф. д-р Букурије Имери Јусуфи, в.д. Деканот на Економскиот факултет и доц. д-р Калтрина Зеколи Шаќири в.д. декан на Правниот факултет.
УМТ со дозвола за работа на три нови факултети сега има вкупно осум факултети и тоа: Факултетот за градежништво и архитектура, Факултетот за информатички науки, Факултет за технички науки, Факултет за технолошки науки, Факултет за социјални науки, како и новите три факултети Економски факултет, Правниот факултет и Факултетот за хуманистички науки, со вкупно 39 студиски програми.