Скопје, мај 23- Студент(к)ите на Факултетот за социјални науки од студиската програма Социјална работа и социјална политика, под раководство на професорките доц. д-р. Елисабета Ологу и доц. д-р. Калтрина Зеколи Шаќири, го посетија Домот за стари лица „Милица“ каде беа пречекани од директорката г-ѓа Шермин Мамут.

За време на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со работата на центарот и активностите на персоналот, особено со работата на социјалниот работник со старите лица.

Студентите на УМТ имаа можност да се запознаат со старите лица и им подарија различни подароци со што тие се чувствуваа среќни и споделуваа време за разговор меѓу себе. Студент(к)ите беа срдечно благодарни за пречекот од целиот персонал на чело со директорката и за топлината што им се нуди на старите лица.

Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје и Домот за стари лица „Милица” имаат договор за соработа и секоја година студентите на УМТ спроведуваат наставни пракси во оваа институција.

By