Деканката на Правниот факултет на УМТ, доц.д-р Калтрина Зеколи Шаќири учествуваше на Енергетскиот форум на МЕФ (Македонски енергетски форум) како панелистка на панел дискусијата на тема: „Промовирање на родовата различност во праведна енергетска транзиција“
Меѓу панелистите од Албанија, Косово, Турција, Данска и од нашата земја, професорката Зеколи ја истакна потреба од поголема вклученост на жените во енергетската индустрија, и влијанието на секој поединец во процесот на родовата еднаквост воопшто.
Таа ги презентираше политиките за родова еднаквост што ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, и ги информираше присутните за можности што ги нуди УМТ со студиски програми кои се дефицитарни и во согласност со реалните потреби на пазарот на трудот, како и улогата на професорот во стимулирањето на младите жени да ја изберат професијата што ја сакаат, без да бидат под влијание и без да ги доведуваат во прашање нивните професионални вештини.
„Перцепцијата на енергијата мора да биде умерена и изменета, затоа мора да продолжиме да се обидуваме да влијаеме, било преку образовниот процес или преку креирање секојдневни политики. Да им нагласиме на нашите студенти, вработени и колеги дека од нашето семејно потекло го црпиме квалитетот и професионалноста на една личност. Треба да ја подигнеме свеста за важноста на родовата еднаквост во деловната заедница, идентификувајќи стратегии и програми за еднакви можности на мажите и жените во енергетскиот сектор, како и намалување на родовиот јаз во образованието и пазарот на труд. Исто така, преку предавања, работилници и дискусии, жените, особено младите интелектуалци, треба да се поттикнат да продолжат со својот професионален развој и да постигнат завидни резултати во кариерата, рече Зеколи.
Зеколи зборуваше за нејзината улога во Мрежата на жени во науката, и за реализираните проекти во енергетскиот сектор во земјава и во странство!
Панел-дискусијата „Промоција на родовата различност во правичната енергетска транзиција“, беше во рамките на Македонскиот енергетски форум, кој традиционално го организира ЗИП Институтот од Скопје.