Скопје, 22.06.2023 – Ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири и професорот доц.д-р Рилинд Адеми учествуваа на Научната конференција на Академијата на науките и уметностите на Македонија, на која го презентираа научниот труд на тема „Конкурентноста на работната сила – компаративна анализа меѓу Република Северена Македонија и земјите од ЕУ“.

Во научниот труд, Зеќири и Адеми посебен акцент ставија на нивото на продуктивноста на работната сила во Северна Македонија и споредбата со просекот на земјите од ЕУ.

Исто така истакнаа дека поголема продуктивност е предуслов за повисоки плати. Иновативноста, степенот на образование на мнозинското население и финансискиот развој се меѓу главните фактори на нивото на продуктивност на работната сила.

Презентирајќи преку релевантните варијабли за овие фактори, доаѓаме до заклучок дека РСМ заостанува во овие три сегменти и како резултат на тоа продуктивноста на работната сила е двојно помала од просечната продуктивност на земјите-членки на ЕУ.

By