Скопје,06.07.2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ја организираше свечената церемонија на дипломирање од каде ја испрати петтата генерација на апсолвенти, крунисајќи ја со тоа нивната неуморна четиригодишна работа.
Ректорот на УМТ пред присутните рече дека за шест години постоење Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се повеќе и повеќе се проширува, а тоа го докажува и бројот на апсолвенти.
УМТ има 3696 студенти на 8 акредитирани факултети, од кои три се нови факултети и почнуваат со работа од следната академска година и вкупно 43 студиски програми. Почитувани апсолвенти, вие сте генерација која студирала во потешки услови, но денес сме во нашиот нов дом во прекрасен кампус во срцето на Скопје со површина од 50.000 м2 и објект со површина од над 5.000 м2 целосно реконструиран.
Зеќири исто така рече дека како што ветил дека ќе управува со УМТ транспарентно и чесно на ефективен и ефикасен начин, успеа УМТ да го направи конкурентен и квалитетен универзитет во сите сегменти.
„Продолжувам да работам посветено врз основа на овие ветувања. Ветив дека заедно со мојот менаџерски тим ќе го направиме нашиот дом. Денес, драги студенти, професори и административен кадар ја организираме оваа церемонија во вашиот кампус. Честитки за новиот кампус. Работиме напорно на подобрување на услугите за студентите и на средување на инфраструктурата, тука се заблагодаруваме на владината поддршка но и на пријателите на УМТ, на бизнис заедницата кои се наша поддршка и помагаат на новите генерациите да студираат во подобри услови. – Важно е да се напомене дека Проектот за новиот кампус е готов и треба да влезе во буџетот следната година.
Министерот за образование и наука г. Јетон Шаќири како почесен гостин на церемонијата им честиташе на апсолвентите кои успеаја да ги крунисаат труд, посветеност и упорноста што го покажаа во текот на овие четри години.
„Како дипломирани, вложивте многу за да стигнете до тука, вашиот личен раст е благодарение на вашата посветеност на научните области што сте ги избрале, вашата интелектуална љубопитност и издржливост, безброј часови на учење, размислување и истражување. Како професор по професија, исто така, да ви кажам дека крајот на вашите студии е само почеток на ново поглавје во вашиот живот, поглавје со поголема одговорност што вашите семејства и целото наше општество го очекуваат од вас, рече министерот Шаќири.
Шаќири рече дека е убеден дека со вештините, знаењата и искуствата кои ги имате добиено во Универзитетот „Мајка Тереза“ многу брзо ќе се вклучите на пазарот на труд и образованието ќе го искористите за позитивни промени во средини каде што ќе работите.
Во овогодинешната церемонија беа прогласени петте најдобри студенти од соодветните факултети, и тоа од Факултетот за технолошки науки, Шермин Мемед со просечна оценка 9.2, од Факултетот за градежништво и архитектура Диелза Идризи со просечна оценка 9.46 , од Факултетот за информатички науки, Ардрин Реџепи со просечна оценка 10.00, од Факултетот за социјални науки, Ерсан Курти со просечна оценка 10.00 и од Факултетот за технички науки Анеса Амети со просечна оценка 9.95.