Скопје, август 2023 година – Во чест на „Мајка Тереза“, спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје ја реализираше манифестацијата „Деновите на Мајка Тереза“, дел од програмата беше и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири кој ја одржа изложбата на дела создадени во форма на техника на мозаик „Мајка Тереза од Скопје во Калкута“ посветена на животот и богатата животна дејност на скопјанката Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.

Директорот на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, г. Насер Цури им честиташе на сите присутни за изработката на нивните дела со различни тематики и истакна дека манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“ ќе биде отворена од 25 август до 5 септември за сите посетители.

За креативноста на професорот Зеќири зборуваше и професорката по уметност Јелдес Асани, која накратко рече дека творештвото на проф. д-р Изет Зеќирит е единствен показател за сериозноста, дисциплината, ангажманот што ги има за уметноста на мозаичното творештво, докажувајќи во исто време дека духовното творештво е дел од неговиот живот.

Ректорот Зеќири во поздравниот говор пред присутните истакна дека ликот на Мајка Тереза отсекогаш инспирирал многу творци од земјата и од светот во различни форми, уметници, научни истражувачи и различни со тоа што денес фигурата на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу стана предмет на дневниот печат, пренесувајќи порака за мир, љубов и солидарност.

Манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“ ја почести градоначалничката на Град Скопје, г. Данела Арсовска која рече дека: „Хуманитарните дела на Мајка Тереза во Скопје, како и нејзините пораки за љубов, мир и солидарност, нека бидат секогаш поттик за секој од нас“. Да се биде хуман со грижа кон оние на кои имаат потреба е наша секојдневна мотивација и приоритет – нагласи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Изложбата на ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири беше почестен и од амбасадорот на Република Косово во Скопје Флоријан Ќехаја, дел од настанот беа градоначалници, професори и љубителите на уметноста.

By