Скопје, 15.09.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири учествуваше на инаугурацијата на новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Билјана Ангелова.
Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири упати честитки до новоизбраниот ректор проф. д-р. Билјана Ангелова за новата задача и продлабочувањето на соработката меѓу нашите два јавни универзитети во Република Северна Македонија.