Доц.д-р Калтрина Зеколи Шаќири в.д. Декан на Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваше на Балканската лидерска конференција, на тема: „Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ – предизвици и перспективи“.
Балканската лидерска конференција даде јасни пораки, а лидерите на државите истакнаа дека нашите земји работат и продолжуваат да работат уште повеќе во насока на остварување на стратешките определби, односно полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Една од пораките на конференцијата е „моќниот заеднички глас на регионот да ја разбуди свеста, одговорноста и акцијата за подобар и поправеден свет каде секое човечко суштество е ценето и почитувано подеднакво“. Инаку, војната во Украина како резултат на руската агресија влијаеше и на мирот и безбедноста на Западен Балкан, во тој случај ЕУ иницираше нова динамика за интеграција на овој регион.
На лидерската конференција на Балканот говореа многу државни лидери и различни претставници. Конференцијата ја организираа Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.