Скопје, 18.10.2023 – Во пресрет на наставните активности планирани за оваа академска година, Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје под мотото „Младите читаат“ организира различни настани поврзани со читање и промовирање на книги и списанија од издавачи од РСМ и пошироко.
Денеска во просторите на УМТ беше промовирано списанието „Екуилибер“ чии издавач е г. Леутрим Аслани од Прешево. Активноста ја водеше професорката Елисабета Бајрами Ологу, продекан на ФСН, а поздравни зборови во име на Факултетот упати деканот на ФСН, професорката Дитурије Исмаили. Таа во својот говор направи кратка презентација за важноста на активностите кои ги планира факултетот за оваа академска година и го истакна нивното значење за студентите и академскиот кадар.
Во меѓувреме, издавачот на списанието „Екуилибер“, г. Аслани зборуваше за неговото создавање и објавување како и сподели дел од пишувањата на авторите кои придонеле за најновото издание и се од ширум Албанија. Г-дин Аслани со години го води младинскиот форум „Раховица“ во Прешево и им зборуваше на студентите за важноста на волонтирањето и за извонредниот придонес што неговата организација го дава за општина Прешево.
На крајот, Деканатот на ФСН и гостинот взаемно си доделија благодарници за двете институции.