Скопје, 18.10.2023 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа промоција на книгата „Економикси 19е“, од нобеловците, авторите Пол А. Самуелсон и Вилијам Д. Нордаус соодветно преведена и прилагодена од проф. д-р. Авдулах Хоти.
Домаќинот на настанот, ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири им посака добредојде во новиот универзитетски кампус и го поздрави проф. д-р. Авдулах Хоти за оваа мошне значајната посветеност за соодветниот и прилагоден преводот на книгата „Економикси 19е“ на албански јазик од светски познатите автори Пол А. Самуелсон и Вилијам Д. Нордаус, и изрази посебна благодарност за оваа многу значајна посветеност како водечка публикација во овие кризни времиња.
Проректорот за финансии, инвестиции и развој Доц. д-р. Бујамин Бела, модераторот на оваа промоција на книгата која е толку значајна за УМТ и не само како панелист, меѓу другото рече дека „оваа книга е сосема комплетна презентација од гледна точка на економската теорија и практика. Станува збор за книга која ја користат студенти, професионалци и млади истражувачи на (пост)универзитетските студии. Тоа е извонреден придонес за новите генерации и економисти, но и за оние кои сакаат да го ажурираат своето економско знаење. Читателот наоѓа најдобро економско мислење за тоа како функционира пазарот, каков е односот помеѓу поединецот, семејството и претпријатието со пазарот на трудот и што треба да направат земјите за да го подобрат животниот стандард на своите граѓани.“ – нагласи проректорот Бела.
Деканот на Економскиот факултет при УМТ проф. Букурије Имери Јусуфи пред присутните го нарече извонреден придонес за соодветниот и прилагоден превод за објавувањето на оваа книга на албански јазик каде меѓу другото рече дека ‘Преводот на ова дело на професорот по макроекономија Авдулах Хоти, е извонреден придонес за генерациите на новите економисти, но и за оние кои сакаат да го ажурираат своето економско знаење. Ова дело, преведено на албански јазик, е во служба на сите универзитети во албанските земји каде што се изучува економијата и науките поврзани со економијата, за бизнисите, за Албанците во дијаспората и државните институции да ја разберат логиката и функционирањето на економијата“, потенцираше деканот Имери Јусуфи.
Авторот на книгата проф. д-р Авдулах Хоти изрази благодарност до Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и раководството на универзитетот за организацијата, како и им се заблагодари на сите присутни на промоцијата. Професорот Хоти, меѓу другото, рече дека „повеќе од половина век оваа книга служи како стандарден поставувач за наставата по економија во Америка и ширум светот. Оваа е меѓу ретките книги што континуирано се ажурирала, се движи со времето и претходела на економските и социјалните случувања. Драго ми е што сега е достапна за нашите студенти, секаде каде што се изучува албанскиот јазик. Од првото издание до ова 19-то издание, јасно се гледа како науката за економија еволуирала, како одговор и претходник на глобалните економски случувања.
Проф. д-р Авдула Хоти разговараше и за прашањата на албанското високо образование на Балканот, каде што рече дека „мора да се движиме кон создавање на „албанскиот високообразовен простор“, како област каде што се промовира науката и истражувањето, кои се конкуренти во регионот и во Европа. Според некои општи статистики, денес „ албанскиот високообразовен простор“ се состои од околу 250 илјади студенти, со над 100 високообразовни институции во Албанија, Косово и
Северна Македонија. Во областа на економија во сите насоки студираат околу 40 илјади студенти, што е многу голема бројка и која како обединета ветува многу за унапредување на квалитетот на високото образование во согласност со европските трендови“, рече проф. д-р Авдулах Хоти.
Книгата „Eкономикси 19e “ е издадена од Издавачката куќа “Educational Centre Kosova” (Едукативен центар Косово) и е актуелна, релевантна и продолжува да го поставува стандардот, како вовед во принципите на модерната економија.