Скопје 25.10.2023 – Студентите од Правниот и Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје учествуваа на изложбата организирана од делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, на тема: „Стаклената соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“,предводена од предавачите, в.д. деканот на Правниот факултет проф. д-р. Калтрина Зеколи Шаќири, проф. д-р. Александар Петковски и Денис Мемети.
Оваа изложба се состои од видео анимации и илустрирани постери, дизајнирани и произведени од Tactical Tech, меѓународна невладина организација со седиште во Берлин, која ги илустрираа типовите на податоци кои ги даваме и оставаме додека користиме Интернет секој ден.
Студентите на изложбата имаа можност да дознаат зошто нашите телефонски броеви не се наши, колку чинат „бесплатните“ апликации, како сме профилирани, што можат да научат за нас преку нашите секојдневни навики за користење и како функционира индустријата на податоци.
Студентите од Факултетот за правни и Социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаа можност да разговараат со амбасадорот на Европската Унија во РСМ г. Дејвид Гир и на крај се фотографираа.