Скопје, 26.10.2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со Институтот „ Либерална Алтернатива “ како и со поддршка на Economics Fundamentals Initiative од САД успешно одржана панел дискусија на тема: „Влијанието на младите преку економското образование“ во присуство на студенти, предавачи и гости од други институции.

На оваа панел дискусија, панелистите, проф. д-р. Изет Зеќири, Доц. д-р. Бујамин Бела, вон. проф. д-р. Букурије Имери Јусуфи, г. Арбен Халили од СКСМ и вон. проф. д-р. Неритан Туркеши пред присутните дадоа фактички докази од нивните научни истражувања, и емпириски од проблемите и решенијата за иднината на младите, и тоа во јавниот и приватниот сектор.

Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири му се заблагодари на коорганизаторот за оваа меѓусебна соработка и накратко зборуваше на темата „Економското образование: неопходната вештина на 21-от век“ каде посебно внимание посвети на предизвиците на управувањето за улогата и зајакнувањето на младите преку економското образование. Ректорот Зеќири се осврна и на менаџерските предизвици и деловните успеси, каде, меѓу другото, опфати од теоретски до практични елаборати, а пред присутните изнесе и креативни и многу значајни примери.

Проректорот за финансии, инвестиции и развој Доц. д-р. Бујамин Бела на панел дискусијата, меѓу другото, рече дека „заедничка карактеристика на новите генерации е високото образование, високите очекувања, незадоволството, истражувачите и споредбите каде компаниите се принудени да одржат рамнотежа помеѓу работата и животот воопшто. Социјалните, економските и технолошките процеси во светот силно влијаат на програмите за управување со човечки ресурси зголемувајќи ја важноста на работните тимови, зголемување на бројот на привремени и со скратено работно време или флексибилни работници, зголемување на културната разновидност на вработените, зголемување на процесите на спојување и преземање на компании, револуционерниот развој на технологиите, организациско преструктуирање кое го намалува бројот на хиерархиско нивоа, демографски промени и економска глобализација“. – рече проректорот Бела.

Деканот на Факултетот за технички науки вон. проф. д-р. Неритан Туркеши за време на панел дискусијата, истакна дека „поради различните и сложени влијанија на инфлацијата врз економскиот раст, важно е владите и централните банки внимателно да го следат и управуваат нивото на инфлација со цел да се постигне целта за одржлив економски раст. Внимателната рамнотежа меѓу инфлацијата и економскиот раст е важна за целокупното здравје на економијата“, рече Туркеши.

Деканот Туркеши го истакна зајакнувањето на младите преку економското образование како важен напор за подготовка на младите луѓе успешно да управуваат со своите финансии и да направат мудри финансиски избори во иднина.

Заменик-претседателот на Надзорниот одбор на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСМ) г. Арбен Халили истакна дека „универзитетската соработка е понеопходна за да се создаде нова генерација на стручен кадар и дека во времето на студиите, наставните програми ќе вклучуваат теоретско знаење испреплетено со практично искуство. За да се случи ова, како прво мора да имаме предмет по економија во секое училиште почнувајќи од прва година средно. Како второ, потребна ни е суштинска реформа во образовниот систем. Барем во трета и четврта година на студии да имаме повеќе пракса отколку теорија, на тој начин соодветно ќе се подготви новата рамка за пазарот на трудот.’ рече заменик-претседателот на Надзорниот одбор на СКСМ г. Арбен Халили.

Во воведниот дел вон. проф. д-р. Букурие Имери – Јусуфи разговараше за влијанието на образованието врз растот на државата, како и за механизмите преку кои образованието може да влијае на економскиот раст. Имајќи предвид дека Владата има подготвено стратегија за млади, од истражувањето спроведено со возрасната група од 15-29 години, констатирано е дека кај 55% од испитаниците младите не се информирани за овие стратегии. Се зборуваше и за условите кои им се нудат на младите да започнат сопствен бизнис и кои се причините поради кои се преземаат овие иницијативи и воедно беа идентификувани некои од факторите кои влијаат за големата миграција на младите и нивното прилагодување на пазарот на трудот во европските земји.

Панелот дискусија составена од еминентни области имаше за цел да ја промовира дебатата за важноста на економското образование кон зајакнувањето на младите луѓе, без разлика дали се средношколци или студенти од неекономски области. Економски образованиот млад човек веројатно ќе биде поактивен во општествениот живот, за подобро да ги разбере економските настани кои влијаат на секојдневниот живот, правејќи ги посвесни граѓани.

By